ДАЛИ ТРЕНЧЕВСКА ЈА ПРИЈАВУВА ЦЕЛАТА ТОГАШНА ВЛАДА ДА ОДГОВАРА ЗАЕДНО СО ГРУБИ? Петрушевски ја обвини дека го брани бившиот прв вицепремиер
Дали потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, доброволно се пријавува заедно со сите свои колеги од тогашната влада да седне на обвинителна клупа заедно со Артан Груби, праша пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој синоќа заедно со Тренчевска гостуваше на телевизија.
Според него, партнерството на СДСМ со бегалецот од правдата Артан Груби и ДУИ излегува на површина.
– Откако со години замижуваа и го одобруваа милионскиот криминал на тогашниот прв вицепремиер Артан Груби, сега кога треба да се соочи со правдата, се ставаат во негова заштита, па дури и ќе се жртвуваат и ќе тонат заедно со него. Потпретседателката на СДС и поранешна министерка, Јованка Тренческа во однос на кривичната пријава за Груби вели дека одлуките на Владата биле колективни и дека ако се докаже дека има вина во случајот, треба сите заедно да одговараат – рече тој.
Тој прашува дали потпретседателката на СДСМ го брани Груби за криминалот со кој државниот буџет го оштети за над 8 милиони евра?
– Дали затоа нервозата во СДС и ДУИ е голема? Дали стравот им е толку голем од тоа што дополнително има да каже Груби? – рече тој и додаде дека СДСМ и ДУИ во паника и страв смениле 10 тези откако Груби бил уапсен.