ДАЛИ ТЕНИСКИОТ АС НАЈАВИ КРАЈ НА КАРИЕРАТА? Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерсот во Рим

Не се чувствувам добро кога губам. Ова е нова реалност за мене, морам да признам. Се обидувам да победам, но чувството е поинакво од она што го имав изминативе 20 години. Сега тоа е ментален предизвик за мене, изјави тениската легенда велејќи дека сега единствената цел е турнирот Ролан Гарос.

356

Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ одлучи да се повлече од Мастерсот во Рим што ќе се одржи следната недела. Оваа одлука доаѓа по серијата разочарувачки порази на мастерсите во Монте Карло и Мадрид, каде беше елиминиран уште во првото коло. Ѓоковиќ, кој ќе учествува на Ролан Гарос без претходна победа на теренот, останува фокусиран на францускиот Гренд слем.

– Единствената цел е Ролан Гарос – рече кратко Ѓоковиќ по поразот во Монте Карло.






Неговиот настап на турнирот во Париз, сепак, останува под знак прашалник — ќе се појави ли без никакви подготовка на земја?

Многумина се прашуваат дали ова не означува крај на кариерата на Ѓоковиќ. По елиминациите, изгледа дека е од идеална кондиција. Британскиот новинар Кевин Палмер изрази сомневање дека Ѓоковиќ би се пензионирал по Вимблдон.

 

– Не се чувствувам добро кога губам. Ова е нова реалност за мене, морам да признам. Се обидувам да победам, но чувството е поинакво од она што го имав изминативе 20 години. Сега тоа е ментален предизвик за мене – изјави Ѓоковиќ.

Од друга страна, по завршената суспензија, италијанскиот тениски ас Јаник Синер ќе учествува на Мастерсот во Рим, а можеби ќе биде во подобра форма за настапот на Ролан Гарос.

Поврзани содржини