ДАЛИ СТЕ МЕТЕОРОПАТ ИЛИ ХИПОХОНДРИК? Лошото расположение како симптом на метеоропатија
Да се биде метеоропат дефинитивно не е лесно од две причини: Првата е дека многумина не ве сфаќаат сериозно, а втората е фактот дека не можете да влијаете на времето.
Иако официјалната медицина сè уште не ги вклучува временските услови и промени во факторите на ризик по здравјето, метереопатите се сè почести. Впрочем, знаете ли некој кој барем еднаш не рекол дека е метеоропат?
Во последно време многу се зборува за времето, особено откако почнаа промените во смисла на пролетни температури во текот на зимата. Влијанието на временските услови врз човечкиот организам не е новост, но дали метеоропатијата е навистина болест или обична измислица? Мислењата се поделени, но за оние кои имаат здравствени проблеми секој пат кога ќе се смени времето, тоа не е утеха.
Дали ве боли глава кога времето одеднаш се менува? Дали станувате лошо расположени, меланхолични и раздразливи кога е облачно?
Можеби мислите дека ова е само случајност и ретка манифестација, а можеби и вие сте всушност вистински метеоропат.
Што е метеоропатија?
Уште во 400 година п.н.е., Хипократ тврдел дека секој што сака да се занимава со изулување на медицината мора да ги земе предвид годишните времиња, температурните факти, како и квалитетот на водата за пиење – околностите во кои живее пациентот. Ова исто така значи дека тој сметал дека постои одредено влијание на времето врз здравјето.
Со други зборови, метеоропатијата може да се опише како болест на лоши временски услови. Тоа се рефлектира во фактот дека многу луѓе, заради промени во времето, чувствуваат поблаги или потешки здравствени проблеми.
Според некои податоци, дури 30% од луѓето се метеоропати, а 80% од луѓето тврдат дека чувствуваат промени во телото што се последица на метеоролошките услови.
За разлика од оние кои чувствуваат само мали промени, метеоропатот буквално, како што сугерира името, буквално ќе страда кога одеднаш ќе се наоблачи или ќе настане некоја друга ненадејна промена на времето. Колку ова ќе биде вообичаено и прифатено, во голема мера зависи од областа во која живеете.
На нас најмногу влијаат: влажност, промени во притисокот на воздухот, промени во температурата на воздухот, светлина. Таму каде што ваквите промени се почести, има повеќе луѓе кои страдаат од овој синдром.
Сите сме свесни за ваквите состојби.
Премногу топлина или студ ни создаваат непријатност, а потоа и нашето расположение не е најдобро.
Облачните денови без светлина и самите не прават мрачни.
Влажноста може да му пречи на лице со респираторни проблеми и да го отежне дишењето.
Притисокот на воздухот и неговите промени влијаат врз луѓето кои страдаат од срцеви заболувања. Може да почувствуваат забрзано чукање на срцето, аритмија, промени во крвниот притисок поради стеснување или проширување на крвните садови. Промените во притисокот на воздухот, а особено неговото намалување, влијаат на тоа водата и воздухот во нашето тело да се шират. Нашето тело сочинува дури 80% вода и тоа не е занемарливо влијание врз организмот. Кај некои луѓе, тоа ќе помине незабележано, а кај метеоропатите, може да предизвика силно чувство на напнатост и непријатност.
Електромагнетните бранови исто така се сметаат за составен дел од временските промени. Истите овие бранови во нашиот мозок спроведуваат сигнали помеѓу невроните, ги создаваат нашите реакции, влијаат на нашето расположение. Како што се менува времето, овие временски електромагнетни бранови влијаат на хипоталамусот. Тој ја контролира работата на многу делови од мозокот, како што е хипофизата, која е одговорна за регулирање на бројни хормони, вклучувајќи го и хормонот на среќата и доброто расположение.
Влијанието на електромагнетните бранови и промените во времето се индиректно влијание врз нашите чувства и расположение.
Ова може да го објасни фактот дека во северните делови на земјината топка (каде што денот е пократок и каде што нема доволно сончева светлина, температурата е ниска и влажноста е висока), бројот на самоубиства достигнува највисок процент. Во Европа по тоа прашање води Литванија.
Симптоми на метеоропатија
Дали и вие сте метеоропат?
За да добиете одговор на ова прашање, треба да знаете нешто за симптомите на метеоропатија.
Менталните симптоми се рефлектираат преку промени во расположението, замор, поспаност, слаба концентрација, несоница, нервоза.
Физичките симптоми вклучуваат главоболки, болки во зглобовите, мачнини, болка во мускулите или во пределот на некои рани и повреди кои се залечени.
Научниците тврдат дека метеоропатијата најмногу ги погодува средовечните луѓе, особено жените.
Исто така, жените се повеќе склони кон депресија и вознемиреност заради хормоналните флуктуации во нивното тело.
Лошото расположение како симптом на метеоропатија
Симптомите на метеоропатија се појавуваат 24-48 часа пред промена на времето и се намалуваат кога навистина се случуваат метеоролошките промени. Ако следат неколку промени по ред, симптомите што се појавуваат подоцна не се толку силни, бидејќи телото постепено почнува да се прилагодува.
Ненадејните промени во времето, придружени со врнежи и грмотевици и висока концентрација на позитивни јони во воздухот, можат да имаат особено силен ефект врз телото.
Дали сте навистина метеоропат или сте хипохондрик?
Колку пати сте слушнале некој да се жали на главоболка, колено, рбет или нешто друго, а потоа да каже „Сигурно времето ќе се смени?“ Веројатно многу пати.
И колку пати сте поверувале во тоа?
Сигурно многу почесто сте мислеле дека лицето си замислува, непотребно се жали, измислува болести и дека е вистински хипохондрик. Само вистински метеоропат може да ги разбере ваквите луѓе и да ги сфати сериозно.
Многу научници веруваат дека метеоропатијата е болест на модерното време и затоа не ѝ се придава доволно значење, ниту пак таквите проблеми се сфаќаат доволно сериозно. Се претпоставува дека главната причина за зголемениот број метеоропати е модерниот начин на живот – премногу време поминато седејќи во климатизирани услови и избегнување на изложеноста на непријатности, па макар тоа било и излегување на дожд. Ги прескокнуваме лошите временски услови кога можеме, а она што треба да го направиме, се обидуваме да го завршиме со автомобилот, изложувајќи се што е можно помалку на немилосрдното време. Како резултат на тоа, способноста на нашето тело да се прилагоди опаѓа, па оттука и директното влијание на времето врз здравјето.
На овој начин, нашиот имунитет и способноста на телото да се прилагодат на помалку идеални услови и да се изборат со вируси, исто така, пропаѓаат.
На метеоропатија се особено подложни луѓето кои страдаат од депресија и анксиозност, а зголемената изложеност на стрес и несигурност во денешно време само придонесуваат метеоропатијата да се шири како инфекција, иако не е заразна.
Луѓето кои се физички активни и кои поминуваат многу време надвор се помалку склони кон метеоропатија.
Како да ги спречите непријатностите?
Да се биде метеоропат дефинитивно не е лесно од две причини: Првата е дека многумина не ве сфаќаат сериозно, а втората е фактот дека не можете да влијаете на времето.
Сепак, можете да ја следите вашата состојба и да фатите некои правила, а исто така можете да обрнете внимание и на советите што ви ги дава биометеоролошката прогноза.
Неколку совети кои можат да ви помогнат да ги спречите непријатностите побарајте на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabay