Дали сте и вие од оние кои велат: Не јадам ништо и пак не слабеам?

Можно е причината за ова да е недостатокот на витамин Д. Покрај тоа што е клучен за имунитетот и за здравјето на забите и коските, овој витамин се чини дека е многу важен и за телесната тежина.

328

Витаминот Д помага за одржување на идеална телесна тежина, а неговиот недостаток во крвта може да го отежни слабеењето затоа што го забрзува претворањето на калориите во маснотии.

Се чини дека една од причините што не успевате да ослабнете, без оглед колку вежбате и колку го контролирате внесувањето калории, може да биде само недостатокот на овој витамин. Бидејќи, покрај тоа што е клучен за имунитетот и за здравјето на забите и коските, овој витамин се чини дека е многу важен и за телесната тежина и правилниот сооднос на мускулната маса и маснотиите.






Жените со соодветно ниво на витамин Д во телото губат телесна тежина побрзо отколку жените кои имаат недостаток на тој витамин, покажала студија објавена во списанието International Journal of Endocrinology.

Најдобри извори

Но, и едно друго истражување објавено во Nutrition Journal, дошло до слични резултати, откривајќи дека зголемениот внес на витамин Д доведува до намалување на вкупните масти во телото. Научниците го објаснуваат ова со фактот дека витаминот Д влијае на складирање и формирање на масни наслаги во организмот. За таков ефект, доволни се дури и 15 до 20 минути изложеност на сончева светлина на ден, што не треба да биде тешко во овие летни месеци. Покрај тоа, можете да го зголемите внесувањето храна богата со овој витамин, а тоа се печурки, жолчки, риба, млеко и сок од портокал.

Важен е и за убавина

Витаминот Д е клучен за правилно функционирање на кожата, а со тоа и за нејзиниот убав изглед. Докажано е дека земањето додатоци врз основа на овој витамин може значително да ги намали акните кај луѓето со тешка форма на болеста. Рецепторите на витамин Д исто така се наоѓаат во фоликулите на косата и играат важна улога во растот на косата. Имено, овој витамин им сигнализира на кератиноцитите во фоликулите да го поттикнат растот на влакната, па затоа не е изненадувачки што еден од симптомите на недостаток на овој витамин е опаѓање на косата. Бидејќи ја зголемува еластичноста на кожата, витаминот Д е добар и за спречување на стрии, а благодарение на неговото антиоксидантско дејство спречува предвремено стареење на кожата.

Фото: Unsplash

Поврзани содржини