ДАЛИ СПАСОВ МУ Е ДОЛЖЕН НА ФИЛИПЧЕ? Над 900.000 евра тендери за агенцијата „Рејтинг“, открива Митева
Фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра. Фотоволтаична централа на Спасов годишно може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи, рече Марија Митева.
Во 2018 година кога СДСМ е во врвот на власта Спасов од Рејтинг добива дозвола за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 2.18 мегавати под името „Гама Солар 1“, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
– Кога Спасов ја добива дозволата за градба на фотоволтаичната централа Венко Филипче, сегашниот претседател на СДСМ е министер во владата. Се поставува прашањето дали Венко Филипче играл улога во добивањето на одобрението и дали Спасов му е лично должен на Филипче? Да одиме со ред. Фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра. Фотоволтаична централа на Спасов годишно може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи. Дали овој бизнис од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и евтин ПР на СДСМ? Од СДСМ наместо да се темелат на конструкциите на Спасов подобро ќе биде да се спремаат за долга опозиција и одговорност и политичка и институционална за сите криминали кои ги направиле – рече Митева.