ДАЛИ ЈСП СВЕСНО СЕ СТАВА ВО ДОЛГОВИ? Арсовска го повика Шилегов да каже како се управува со градскиот превоз

Дали ЈСП е свесно ставан во долгови наместо да се направи профитабилно претпријатие? Кој го контролира и како го контролира јавното претпријатие? Зошто не е направен подобар систем на функционирање на јавниот превоз, прашува Арсовска.

791

Бесплатниот јавен превоз е реалност, а ЈСП е раководено лошо наместо да се направи профитабилно претпријатие, реагира кандидатката за градоначалник Данела Арсовска по тврдењата на актуелниот градоначалник Петре Шилегов дека градот ќе банкротира од овој проект.

„Да се употребува зборот банкрот за проектот бесплатен јавен превоз, прво е незнаење, а второ отвора теми за дискусија. Дали ЈСП е свесно ставан во долгови наместо да се направи профитабилно претпријатие? Кој го контролира и како го контролира јавното претпријатие? Зошто не е направен подобар систем на функционирање на јавниот превоз? Зошто се чекаше 4 години да се реши едноставен проблем? Кој водел сметка за финансиската страна на работата на ЈСП? За две години потрошено е 300 милиони денари кеш, повеќе од што е заработено? На што е потрошено?“, прашува Арсовска.






Таа наведува дека во 2020 година е купен инвентар во вредност од 500 милиони денари, повикувајќи се на јавни резултати објавени од финансиските извештаи на ЈСП.

„Наместо да зборуваме за банкрот, да зборуваме за тоа како е управувано ЈСП и со која намера. Очигледно не е работено според интерес на граѓаните, туку водено е според други интереси. Кога ќе ставите сѐ на еден куп од ЈСП, претпријатието се става во долгови на сметка на некомпетентност и несериозност при неговото водење. Да имаше некој интерес да го среди ова, досега ќе беше среден проблем. Не може проект како што е јавниот бесплатен превоз, што е вообичаен секаде во Европа за нас да биде неизводлив, посебно не кога станува збор за интерес на граѓаните“, истакна Арсовска.

Одговарајќи на новинарско прашање што мисли за изборната понуда за бесплатен јавен превоз, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов одговори:

– Јас сум изненаден за некој што се себе си се претставува за добар менаџер, како така напамет дава ветувања. Трошоците на јавниот транспорт во градот Скопје изнесуваат околу 30 милиони евра годишно. Основниот буџет на град Скопје е 80 милиони евра годишно. Ако Градот го земе буџетски да го финансира целокупниот јавен превоз, тогаш со што ќе се финансираат останатите активности на градот. Евтини ветувања и популизам, јас навистина сум запрепастен, како некој се претставува за менаџер, без да ги знае основните работи на јавниот превоз во Скопјерече вчера градоначалникот на Скопје и противкандидат на Арсовска, Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Во рамки на својата предизборна кампања тој вчера вети бесплатен превоз за пензионерите во сите денови во неделата.

Поврзани содржини