ДАЛИ СИРОВАТА ХРАНА МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИ РАЗВОЈОТ НА БОЛЕСТИ? Што мислат експертите за нутриционизам на темата – жива храна
Здравствените придобивки од исхраната базирана на внес на сирова растителна исхрана често се споменуваат меѓу поборниците за поздрав начин на живот, но дали таа може навистина да ги спречи болестите, истражил порталот foodfacts.news
Поради зголемената инциденца на хронични болести како што се дијабетес, рак или срцеви заболувања, исхраната со сирова храна, која се заснова на внесување на сирова, минимално преработени намирници од растително потекло, привлекува внимание како потенцијално решение за зачувување на здравјето.
Често се нарекува сирово веганство и вклучува храна која обично не се третира термички над 45°C. Дозволена е само механичка обработка како што се цедење, мешање, дехидрација и натопување.
„Жива храна: 14 придобивки од исхраната со сирова храна + РЕЦЕПТИ“ е насловот на статијата што ја најдовме на веб-страницата atma.hr, во која покрај придобивките од исхраната, се наведува и дека луѓето кои се придржуваат до ваков прехранбен режим не заболуваат.
Изворите на тврдењата што се објавени во нивната статија, велат од порталот, се базира на книгата „Transurfing 6: Master of Reality“ од Вадим Зеланд, кој во своето дело опишува детално за исхраната со сирова храна, нејзините придобивки, дискутира за штетноста на одредени намирници и дава совети за подготовка на лековита „жива вода“.
Меѓу другото велат: „Самиот напис не споменува научно засновани извори, ниту е наведено нешто такво.
Бидејќи некои луѓе се одлучуваат за ваква исхрана, порталот foodfacts.news одлучи да истражи дали таа носи здравствени придобивки како што се тврди или дали носи одредени потенцијални опасности.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.