ДАЛИ СИ БРЕМЕНА И ИМАШ ЛИ ДУЛА? Се враќа старото добро сестринство, во ликот на дулите

Пред болниците да станат стандард, повеќето жени раѓале дома, а родилката била опкружена со блиски жени или која било друга искусна жена која ѝ помагала во текот на породувањето. Сега, кога нашата култура тргнала кон целосна медикализација на бременоста и породувањето, како и многу други работи кои повторно се враќаат на сцената, во игра се обидува да се врати и ова „сестринство“. Овојпат, преку некои нови современи жени кои себеси се нарекуваат дули.

105

Деновиве во разговор со пријатели од Хрватска, ми се пофалија дека нивната ќерка е бремена и дека сите нејзини другарки имаат „дула“. Не знаеја многу за улогата на дулата и ми кажаа дека биле изненадени од информацијата на ќерка им, па ме прашуваа дали кај нас имаме дули.

Иако тие самите досега не знаеле ништо за ова, во Хрватска, како и во Словенија, кога станува збор за земјите од поранешната држава, жените се активирале порано за подобрување на условите во родилиштата во кои дулите влегуваат без проблем и се прифатени од страна на болничкиот персонал, па поголемиот број дули се активно вклучени во поддршката на самото породување.






Таму имаат дури и утврдени ценовници за своите услуги и тоа за најразлични варијатни.

На пример, варијантите кои опфаќаат пренатална едукација се со цени од 100 до 250 евра. Понудата која го опфаќа и породувањето, а се состои од 3 средби пред породувањето – вклучува подготовка за раѓање и после породување; 24/7 достапност (ден и ноќ) во текот на 4 недели пред породувањето; присуство на самото породување (по желба дома, дома и во породилиште или само во породилиште; онлајн поддршка при раѓање); тричасовна консултација преку телефон или онлајн и достапност 24/7 во текот на работното време; една постпартална посета, чини 900 евра.

А што се тоа дули и повеќе за македонските искуства и за македонските дули, прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини