„ДАЛИ СЕМЕЈСТВОТО ЖЕРНОВСКИ БИЛЕ СОРАБОТНИЧКА СТРУКТУРА НА БУГАРИЈА?“ Андреј Жерновски доби 8 прашања од ВМРО-ДПМНЕ

Што мисли за богатството на Венко Филипче и за наводните зделки со рекетирање, при што парите завршувале на сметки на бугарски фирми блиски до Зоран Заев, е едно од прашањата на ВМРО-ДПМНЕ до Жерновски.

951

Откако беше исплакнат од политиката и откако доживеа политички крах во секој обид што го имаше: од обидите за градоначалничка фотелја, до карикатуралните улоги по дипломатските ходници, Андреј Жерновски денеска повторно се јави – не затоа што народот го бара, туку затоа што задачата стигнала, регира ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што секој послушен соработник ја извршува дадената задача, така и тој, ревносно и дисциплинирано, повторно влезе во бугарскиот наратив за Македонија. Можеби и не му е тешко! Мисли дека му оди од рака! Не е никаква тајна чие внуче е, ниту кој бил неговиот дедо – буграскиот кмет на Бугарите во Македонија“, соопшти партијата.






Во таа насока, како ВМРО-ДПМНЕ би сакале да поставиме неколку прашања до Жерновски, се додава во соопштението, во кое се наведени 8 прашања.

1. Како точно се изјаснил неговиот дедо кога станал кмет: како Македонец или како Бугарин?

2. Дали е точно дека фамилијата Жерновски се води во бугарските архиви како пријателска и соработничка структура на Бугарија во Македонија?

3. Дали е точно дека на семејните веселби на малиот Андреј, во времето кога растел, се пееле песни како „Минаха години“ и „Целувките на Ана“ и како ги доживува тие песни денес?

4. Кога веќе глуми дека Србите му се поблиски од Бугарите, дали тоа го прави по налог за превласт во СДСМ, каде очигледно веќе ги мести чекорите да му ја преземе позицијата на Филипче?

5. Дали неговите и менторите на Филипче се веќе во внатрешен конфликт во служби на Бугарија и дали тоа е причината за актуелната медиумска борба?

6. Што мисли за богатството на Венко Филипче и за наводните зделки со рекетирање, при што парите завршувале на сметки на бугарски фирми блиски до Зоран Заев?

7. Дали го одобрува ова, и ако не, зошто молчи?

8. И најважното: дали уште му трепери душичката кога ќе ја слушне песната „Еделвајс“, како што наводно признал пред блиски пријатели?

„ВМРО-ДПМНЕ нема да молчи кога некој, со испран и уличарски однос, ќе се обиде да ја валка македонската историја, да ги релативизира нашите херои и да ја претвори Македонија во поле за геополитички бизниси на странски центри. Одговорот е јасен – не ви успева! Македонскиот народ веќе ве препозна. А политичката кариера на Жерновски ќе остане како трагикомичен пример за тоа како не се гради доверба, ниту иднина, особено кога си човек без кичма, без став и без достоинство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини