ДАЛИ СЕ ПОЧИТУВАЛЕ ПРОПИСИТЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА? Се испитуваат причините за трагедијата на градилиште во Кисела Вода

Јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатиот и извршил увид на градилиштето каде еден работник загина, а тројца се повредени.

0

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени.

Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот.

– Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор – информираат од Обвинителство.

Претходно, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје, за МИА информираше дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата.

Жртвата, според првичните информации, е на 34-годишна возраст.

Поврзани содржини