ДАЛИ СЕ КАЧИЛО НА ВАГОН ЗА ДА СНИМИ ВИДЕО ЗА ТИК-ТОК? 17-годишно момче настрада од струен удар во Кисела Вода
Седумнаесетгодишно момче денеска попладне доживеало струен удар додека било качено на цистерна вагон во скопската населба Кисела Вода.
Од МВР велат дека по инцидентот вагонот се запалил, а момчето кое било од Волково, било пренесено во Ургентниот центар.
Засега офизицијално нема информации за причините за несреќата.
Слични инциденти со тинејџери качени на вагони имаше и во минатото, а дел завршија и со фатални последици, откако наводно на вагоните снимале Тик-Ток видеа.