Дали принцот Хари опцу на својата венчавка пред олтарот? ВИДЕО

2,290

Меган Маркл и принцот Хари вчера ја прославија втората годишнина од бракот, а интернетот беше преплавен со снимки од церемонијата што ја чекаше целиот свет. Деталите од сите снимки и фотографии повторно се прегледуваат, а Твитер го преплавија снимки од моментот кога Меган се приближува до Хари пред олтарот.

Како што во тоа време рекоа читачите од усни, Хари ѝ ги рекол следните реченици: „Изгледаш прекрасно. Јас сум среќен човек“, на што таа се насмевнала.






Се појавија тврдења дека Хари, всушност, рекол: „Изгледаш прекрасно, ќе се пос**ам“. На Твитер кружи снимка од тој момент и навистина изгледа како Хари да рекол: „You look amazing. I’m shitting it“.

Британците се познати шегобијци, па велат дека пцуењето е нешто што наликува на него и дека никој не би бил изненаден доколку навистина рекол така.

 

Поврзани содржини