ДАЛИ ПОСТОИ СЛУЧАЈ РЕКЕТ 2 И ДАЛИ Е ВО ФИОКА? Обвинителството ги штити СДСМ и ДУИ, тврди Манасиевски
Во случајот опфатени се поранешната СЈО Катица Јанева, Бојан Јовановски, како и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен, тврди Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ и прашува дали јавниот обвинител сè уште ги штити СДСМ и ДУИ.
Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали Јавното обвинителство го крие во фиока, затоа што штитат функционери на СДСМ и на ДУИ, праша во својата изјава Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судството со 2% доверба и натаму тоне, а на кормилото ЈО Коцевски сеуште ги штити криминалците кои го изгласаа, а тоа се СДСМ и ДУИ. Во јавноста излезе нов скандал, за кој ОЈО води предистражна постапка и процесот тука е застанат.
Во случајот опфатени се поранешната СЈО Катица Јанева, Бојан Јовановски, како и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен.
Почитувани, јавноста заслужува да знае, зошто овој случај се крие од неа? Дали затоа што штитат и кријат некој од СДСМ и ДУИ, и со тоа им оставаат простор истите да ја дефокусираат јавноста?
Зошто изминатава година, не е поведена ниту една постапка за поранешни функционери од СДСМ и ДУИ? Дали Коцевски сеуште ги штити неговите наредбодавци?
ЈО и Коцевски да си ја фатат работата, бидејќи таму се за да донесат правда, а не да кријат пријави по фиоки и да штитат лица блиски на СДСМ и до ДУИ, изјави Манасиевски на партиска прес-конференција.