Дали можеме да се заразиме со делта-сојот ако веќе сме прележале ковид-19?
Луѓето кои прележале ковид-19 можат повторно да се заразат со делта-сојот. Некои од нив имаат лесни инфекции, но сè уште ги има и оние кои тешко го поминуваат вирусот, некои и умираат - вели Д-р Боулинг, специјалист за инфективни болести на Универзитетот во Тексас.
Делта-варијантата почна да се шири ширум светот, а луѓето се прашуваат колку ефективни ќе бидат вакцините против ковид-19 и дали сега ќе ја избегнат опасноста од делта-сојот доколку веќе еднаш го прележале вирусот.
– Гледаме дека природниот имунитет стекнат од претходните видови на вирусот не обезбедува силна заштита од новата делта-мутација – изјавил Анејсон Боулинг, специјалист за инфективни болести на Универзитетот во Тексас, во интервју за локалната станица КСАТ12 во Сан Антонио.
Доколку сте имале ковид-инфекција, тоа не обезбедува исто ниво на заштита од новите варијанти кои се појавуваат.
Според него, доколку сте имале ковид инфекција, тоа не обезбедува исто ниво на заштита од новите варијанти кои се појавуваат.
– Овие луѓе повторно заболуваат. Некои од нив имаат лесни инфекции, но сè уште ги има и оние кои тешко го поминуваат вирусот, некои и умираат – вели Д-р Боулинг.
Тој додава дека луѓето мора целосно да се вакцинираат, затоа што, според него, вакцините досега имаат покажано позитивни резултати.
Дали целосното вакцинирање обезбедува доволна заштита од новата делта-мутација?
Иако неодамнешните студии од Велика Британија покажаа дека вакцините „Фајзер“ и „АстраЗенека“ ја намалија ефикасноста против варијантата делта, сепак заштитата од вакцините е со висок процент.
За оние кои примиле само една доза, ризикот за заболување од делта е 33 отсто, а со примени две дози „Фајзер“ заштитува 88 отсто, а „АстраЗенека“ 60 отсто.
Оние луѓе коишто ја примиле само првата доза од вакцините против ковид-19 имаат 75 проценти помали шанси да бидат хоспитализирани при заболување од делта-мутацијата, а оние со две дози – диро 94 проценти помали шанси во споредба со невакцинираните, објави шпанскиот портал „Диарио АС“.
Извор: Диарио Ас