ДАЛИ МИЛИОН ИПОЛ ЕВРА ОД „РЕКЕТ“ ЗАВРШИЛЕ КАЈ БАШАНОВИЌ? Maнасиевски бара да се истражат наводите во српските медиуми

Српските медиуми, освен Заев, го поврзуваа и Башановиќ како еден од учесниците во аферата 'Рекет', а како што се вели во еден српски портал, во снимен инкриминирачки разговор, Башановиќ вели дека сега е време сè да се наплати, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ и прашува дали 1,5 милиони евра завршиле кај Башановиќ.

266

СДСМ да одговори, дали еден ипол милион евра од аферата „Рекет” завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ, бара Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на партиска прес-конференција.

Според Манасиевски освен овие еден и пол милион евра, постојат сведоштва за тоа дека рекетираните пари завршиле кај Зоран и Вице Заеви, нешто што, како што вели, правосудните органи кои ги штитат Заеви ова никогаш не го истражиле.






„За куќниот пријател на Зоран Заев и негов личен советник, Зоран Башановиќ, кој сега е шеф на центарот за лаги и манипулации на СДСМ, според извори од неговата матична држава, се вели дека еден ипол милион евра од аферата ‘Рекет’ завршиле токму кај него.

Српските медиуми, освен Заев, го поврзуваа и Башановиќ како еден од учесниците во аферата ‘Рекет’, а како што се вели во еден српски портал, во снимен инкриминирачки разговор, Башановиќ вели дека сега е време сè да се наплати, и дека конечно е дојдено времето да биде полн како брод.

Од СДСМ треба и да одговорат зошто секогаш кога некој ќе биде ‘истеран’ од сопствената држава, како што беше случајот со Онишченко и овој со Башановиќ, а истите се сомничат за криминали и коруптивни случаи, Заев и Филипче ги вдомуваа во државата или во нивната партија?

Почитувани граѓани,

Ете кој го води СДСМ, и ете кој го води нивниот ПР тим. Луѓе кои се синоним за криминал и корупција се секогаш во врвот на СДСМ.

Во СДСМ се потребни реформи и чистење на криминалците и корумпираните функционери. Во спротивно, на следните избори СДСМ ќе го достигне дното и би се нашле под 100.000 гласови“,

Поврзани содржини