ДАЛИ МАКРОН ГО НАМЕСТИ ДУРОВ? Основачот на Телеграм во Париз требало да вечера со претседателот на Франција

Дуров во полиција кажал дека на денот на апсењето требало да се сретне и да вечера со францускиот претседател Емануел Макрон, пишува францускиот истражувачки весник „Le Canard Enchaine“, повикувајќи се на извор од Елисејската палата.

1,299

Основачот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров, кој беше уапсен веднаш по слетувањето во Париз, при распитот во полиција кажал дека на денот на апсењето требало да се сретне и да вечера со францускиот претседател Емануел Макрон, пишува францускиот истражувачки весник „Le Canard Enchaine“, повикувајќи се на извор од Елисејската палата.

фото: ИКС





Од Кабинетот на Макрон, веднаш ја демантираа ваквата инфортмација, но лидерот на партијата Француски патриоти, Флоријан Филипот, излезе со став во јавноста во кој изразува дека е уверен оти Макрон е сосема способен за таква измама за да ја исполни мисијата „од своите сопственицит“ и побара објаснување од него.

фото: ИКС

Филипот го обвини Макрон дека го искористил апсењето во обид да ја замолчи слободата на говорот.

Поврзани содржини