ДАЛИ ИМА БРУТ ВО РУСИЈА? Американски сенатор повика да се убие Путин

„Единствениот начин да се стави крај на ова е некој да го отстрани тој човек (Путин). Ќе си направиш голема услуга на себе и на целиот свет“, напишал сенаторот Греам.

553

Руската амбасада во Вашингтон побара од САД официјално да ја објаснат и да ја осудат изјавата на сенаторот Линдзи Греам со која тој повика некој да го убие рускиот претседател Владимир Путин.

Сенаторот Греам, републиканец кој ја претставува Јужна Каролина во американскиот Сенат, претходно на Твитер праша дали Русија го има Брут или има поуспешен полковник Стауфенберг во руската армија, познат по обидот да го убие Хитлер.






„Дали има Брут во Русија?“, прашал сенаторот, мислејќи на еден од убијците на римскиот владетел Јулиј Цезар.

Поранешниот претседателски кандидат исто така се запрашал дали постои „поуспешен полковник Штауфенберг“ во руската војска, алудирајќи на германскиот офицер чија бомба не успеа да го убие Адолф Хитлер во 1944 година.

„Единствениот начин да се стави крај на ова е некој да го отстрани тој човек (Путин). Ќе си направиш голема услуга на себе и на целиот свет“, напишал Греам.

– Како завршува ова? Некој во Русија мора да скокне… и да го убие овој човек – изјави сенаторот за „Fox News“.

Тој го повтори повикот во серија твитови, велејќи дека „единствените луѓе кои можат да го поправат ова се Русите“.

Сенаторот, кој служеше во Конгресот повеќе од 20 години и повремено беше близок соработник на поранешниот претседател Доналд Трамп, вчера претстави резолуција со која се осудува рускиот претседател и неговите воени команданти за „воени злосторства и злосторства против човештвото“.

Поврзани содржини