ДАЛИ ФРОНТОТ СЕ РАСПАЃА? Села го повика Груби да се повлече од политиката и да се соочи со обвиненијата

Ги повикуваме апострофираните да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот, да се соочат со обвиненијата како слободни граѓани. Индивидуалната одговорност е камен-темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава, напиша Села.

1,716

Зијадин Села се огласи на Фејсбук профилот на својата партија по повод најновата црна листа на Америка, поздравувајќи ја одлуката на САД.

„Алијансата за Албанците во континуитет е еден од политичките актери кои јавно ги осудуваа врските на судството со политиката и олигархијата, затоа и денеска ја поздравуваме неодамнешната одлука на САД, најважниот стратешки партнер на РСМ и албанскиот народ. Борбата против корупцијата означува важен чекор во градењето на владеењето на правото и нашата иднина. Ги повикуваме апострофираните да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот, да се соочат со обвиненијата како слободни граѓани. Индивидуалната одговорност е камен-темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава“, напиша Села.






Поврзани содржини