„ДАЛИ ФИЛИПЧЕ САКАЛ ДА ПОДЕЛИ 6 МИЛИОНИ ДОЛАРИ СО ЗАЕВ?“ Тргнаа да профитираат додека луѓето умираа од корона, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Доказ за тоа дека на Филипче здравството и не му беше голем приоритет е тоа дека бил спремен да наплати големи провизии на грбот на граѓаните, за да му удоволи на неговиот ментор Заев, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Филипче е пиунот на Заев, заедно профитираа од ковид кризата додека луѓето умираа, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Филипче под покровителство на Заев, сакаше да стори криминал на грбот на граѓаните, со фирмата Стабри. Филипче кој е синоним за криминал и корупција, сакаше да се офајди преку набавка на вакцини за ковид, чиј тендер, граѓаните ќе ги чинеше 6 милиони долари поскапо. Кога сите држави плаќаа до 30 долари за вакцина, нашиот тогашен министер за здравство Филипче, со фантом фирмата Стабри сакаше да наплати по 62 долари за вакцина. Фирмата Стабри инаку, била регистрирана за тргување на јужни овошја. Истата фирма била формирана само 3 месеци откако СДСМ доаѓа на власт. Филипче треба да одговори, дали 6 милиони долари сакал да ги подели со Заев и дали фирмата Стабри има поврзаност со СДСМ? Доказ за тоа дека на Филипче здравството и не му беше голем приоритет е тоа дека бил спремен да наплати големи провизии на грбот на граѓаните, за да му удоволи на неговиот ментор Заев. Филипче ја сака власта за да договара тендери во четири очи. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа“, се вели во соопштението.