ДАЛИ ЕРИК ТРАМП БИ СЕ КАНДИДИРАЛ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД? Тој тврди дека би бил поефикасен од многу актуелни политичари
Тој истакна дека „половина од политичарите“ што ги гледа „воопшто не го импресионираат“ и дека може да ја извршува својата работа „многу ефикасно“.
Ееик Трамп, синот на сегашниот американски претседател Доналд Трамп, не понуди дефинитивен одговор на прашањето дали тој или некој друг од семејството Трамп ќе се кандидира за претседател кога ќе заврши вториот мандат на неговиот татко во Белата куќа.
Ерик, кој е ко-извршен потпретседател на Организацијата Трамп, забележа дека патот до Белата куќа „би бил лесен“ ако одлучи да ги следи стапките на својот татко.
-Вистинското прашање е: Дали сакате да ги вклучите другите членови на вашето семејство во тоа?… Дали би сакал моите деца да го доживеат истото искуство во последната деценија низ кое живеев јас. Знаете, ако одговорот е да, мислам дека политичкиот пат би бил лесен, што значи дека мислам дека би можел да го направам тоа. И патем, мислам дека и другите членови на нашето семејство би можеле да го направат тоа – рече тој во интервју за Фајненшл тајмс.
За разлика од неговите браќа и сестри, Доналд Џуниор и Иванка, 41-годишникот во голема мера се држеше подалеку од политиката, фокусирајќи се на водењето на семејниот бизнис откако неговиот татко го освои својот прв мандат во 2016 година.
Сепак, од неговите изјави се чини дека ја следи политиката. Тој истакна дека „половина од политичарите“ што ги гледа „воопшто не го импресионираат“ и дека може да ја извршува својата работа „многу ефикасно“.
Кога директно го прашаа дали претседателските избори одржани минатата година беа последните избори на кои името Трамп се појавува на гласачкото ливче, Ерик Трамп одговори: „Не знам… Времето ќе покаже. Но, има и други луѓе освен мене“.
-Прашањето е, дали сакате да го направите тоа? И дали сакате да ги подложите луѓето што ги сакате на бруталноста на овој систем? И не сум сигурен дали можам да одговорам на тоа прашање сè уште – рече тој.
Тој се осврна на критиките дека семејството Трамп профитирало од престојот на Доналд Трамп во Белата куќа.
-Ако има едно семејство кое не профитирало од политиката, тоа е семејството Трамп. Ќе имавме многу повеќе нули по нашето име ако мојот татко не се кандидираше – убеден е тој.