ДАЛИ ЌЕ ПАДНАТ ВИСОКИТЕ ЦАРИНИ НА ТРАМП? Американскиот Врховен суд треба да каже дали се законски

Царините засега остануваат во сила и ќе продолжат најмалку до 14 октомври, согласно решението на Апелацискиот суд според кое најголемиот дел од царините се незаконски.  

45

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Врховниот суд да пресуди дали тој имал овластување да воведе широк спектар царини врз основа на закон предвиден за користење во вонредни ситуации, јавија западни медиуми, повикувајќи се на судски документи.

Министерството за правда поднесе жалба на одлуката на Апелацискиот суд од 29 август, според која најголемиот дел од царините воведени од Трамп се незаконски. Одлуката го доведе во прашање користењето на овие давачки како клучен инструмент на неговата меѓународна економска политика.






Царините засега остануваат во сила и ќе продолжат најмалку до 14 октомври, согласно решението на Апелацискиот суд.

Трамп деновиве изјави дека можеби ќе треба да ги поништи договорите за царините со Еевропската Унија, Јапонија и Јужна Кореја, ако го изгубат случајот пред Врховниот суд за легалноста на царините.

– Нашата земја има можност повторно да биде неверојатно богата. Исто така, би можела повторно да биде неверојатно сиромашна. Ако не го добиеме тој случај, нашата земја ќе страда многу, многу лошо – рече тој.

Поврзани содржини