ДАЛИ Е ОВА НАЈЛУДИОТ ФУСТАН ДОСЕГА? Џулија Робертс го „носи“ лицето на Џорџ Клуни (ФОТО)

Актерката Џулија Робертс неодамна присуствуваше на свечен настан посветен на нејзиниот долгогодишен пријател и колега Џорџ Клуни.

1,374

Актерката Џулија Робертс неодамна присуствуваше на свечен настан посветен на нејзиниот долгогодишен пријател и колега Џорџ Клуни.

Познатиот холивудски заводник Џорџ Клуни ја прими наградата за придонес во културата, а свечената церемонија се одржа во Вашингтон. Иако целиот настан, но и дочекот беше посветен на Клуни, вниманието на пошироката јавност го привлече токму таа – Џулија Робертс.

 






Џулија Робертс се прошета по црвениот тепих во интересна креација, односно тоалета потпишана од модната куќа „Москино“, а како што се гледа на фотографиите, главниот мотив на фустанот бил и тоа како воочлив. Компилација од фотографии со Клуни, како и фотографии од неговото лице доминирале на оваа, повеќе од необична, креација.

Се чини, со ова Џулија направила своевиден омаж на долгата кариера на Клуни како актер и неговиот придонес во културата.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини