ДАЛИ Е ОВА ИДЕАЛНО ОВОШЈЕ? Ги регулира шеќерот и мастите, ги штити срцето и црниот дроб и може да го намали нивото на мочна киселина
Во една студија на повеќе од 600 испитаници со гихт, учесниците кои јаделе свежи цреши два дена имале околу 33 отсто помалку напади од гихт од оние кои не јаделе цреши, а оние кои јаделе цреши и земале препишани лекови за гихт имале 75 отсто помалку напади .
Во нив може да се ужива на сто начини. Секако, наједноставно и најздраво е да ги јадете свежи, но може да ги искористите и за правење сок, смути, овошна салата, штрудли, палачинки, колачи… а има и многу солени јадења во кои совршено се вклопуваат, како што се разни салати и сосови за скара или печење.
Еве зошто треба максимално да ја искористиме кратката сезона на црешите.
Бројни студии, ја докажале поврзаноста на редовното консумирање овошје и зеленчук со намален ризик од хронични болести, мозочен удар и некои видови рак, како и смртност.
Освен што обезбедува витамини, минерали, каротеноиди и диетални влакна, овошјето содржи и полифеноли кои го намалуваат ризикот од метаболички синдром, дијабетес, безалкохолни масни заболувања на црниот дроб и кардиоваскуларни болести.
Кога го знаеме сето ова, се чини дека црешата е најблиску до она што треба да биде идеалната храна: хранливо богата, нискокалорична и божествена по вкус.
Повеќе за ова на „Арт кујна“.