📽️ „ДАЛИ Е ОВА БРИТАНИЈА ИЛИ СОВЕТСКИ СОЈУЗ“ Маск објави видео од апсење во Велика Британија

На видеото се гледа како полицаецот му кажува на мажот дека е уапсен под сомнение дека неправилно користел електронска мрежа за комуникација.

873

Милијардерот Илон Маск ја продолжи расправијата со британскиот премиер Сер Кир Стармер за немирите што ја зафатија Велика Британија.

Тој  објави видео на X на кое се гледа како полицајци апсат маж поради навредливи коментари на Фејсбук.






„Уапсен поради коментар на Фејсбук! Дали е ова Британија или Советскиот Сојуз? Дали е ова вистина @Community Notes“, напиша Маск, означувајќи ја услугата за проверка на факти на X.

На видеото се гледа како полицаецот му кажува на мажот дека е уапсен под сомнение дека неправилно користел електронска мрежа за комуникација. Наведеното кривично дело се однесува на испраќање пораки од „експресно навредлива или непристојна, непристојна или заканувачки карактер“ и може да резултира со максимална затворска казна од шест месеци или парична казна.

Маск, исто така, го праша Стармер

„Зошто сите заедници не се заштитени во Британија?“.

Тој го коментараше видеото на кое се гледа толпа маскирани луѓе околу пабот, а некои од нив веат палестинско знаме. Маск веќе даде сличен коментар во понеделникот, откако Стармер рече дека нема да толерира напади врз муслиманските заедници.

Поврзани содржини