Дали е ова јахта или „Lamborghini“? И двете! (ФОТО+ВИДЕО)

„Tecnomar for Lamborghini 63“ е нова супер луксузна јахта, изградена заедно од „Lamborghini“ и производителот на бродови „The Italian Sea Group“.

1,342

Компанијата „Automobili Lamborghini“ и „The Italian Sea Group“, кои се занимаваат со супер луксузни автомобили и јахти, го претставија плодот на нивната соработка – луксузната спортска јахта „Tecnomar for Lamborghini 63“. Јахтата ќе биде произведена во ограничена серија, а прекарот го добила по 1963 година, кога беше основана „Lamborghini“. Должината на јахтата се совпаѓа со овој број, и е 63 стапки (19 метри).






Основа за дизајнирање на овој неверојатен брод е новиот хибриден суперавтомобил „Lamborghini Sián FKP 37“, на кој забележително се засновани деталите за дизајнот, како што се светлата или пилотската кабина. Можеби најдобриот опис на презентираната јахта го даде првиот човек на „Lamborghini“, Стефано Доменикали: – Ако требаше да замислам „Lamborghini“ на вода, ова ќе беше мојата визија.

Покрај тоа што е пример за исклучителен дизајн и стил, ова е и луксузна и технолошки напредна јахта која може да се пофали со иновативни решенија и се нагласува силата и брзината. Се напојува со два мотори „MAN V12“ со по 2.000 коњски сили, со кои може да се движи со брзина до 60 јазли (111 км на час).

Дизајнот се поврзува со споменатиот „Sián“, но и богатото наследство на марката, и легендарните модели „Countach“ и „Terzo Millennio“.

Најавено е дека „Tecnomar for Lamborghini 63“ ќе биде достапен за потенцијалните купувачи на почетокот на следната година, а цената сè уште не е наведена.

Поврзани содржини