ДАЛИ БОЛНИТЕ ОД РАК ТРЕБА ОД КОРЕН ДА ЈА МЕНУВААТ ИСХРАНАТА? Што треба да знаат за храната заболените од карцином?

Пациентите честопати размислуваат за воведување на модели на исхрана кои се екстремни по својот карактер. Еден од примерите е теоријата за изгладнување на туморот и минимален внес на калории исклучиво преку сокови од овошје и зеленчук.

606

За заболените од малигни болести исхраната е исклучително важна.

На телото му е потребно да обезбеди доволно енергија и други клучни нутриенти за да може да се бори против злокобната болест. Меѓутоа, самата болест му го отежнува на пациентот нормалното внесување на храна. Туморот,  произведувајќи про-воспалителни молекули ја потиснува желбата за храна, а самата терапија предизвикува несакани ефекти поради кои пациентите дополнително избегнуваат храна.






Нема потреба исхраната да се менува од основа

Пациентите честопати размислуваат за воведување на модели на исхрана кои се екстремни по својот карактер. Еден од примерите е теоријата за изгладнување на туморот и минимален внес на калории исклучиво преку сокови од овошје и зеленчук. За жал, туморот на крајот ќе успее да го најде својот извор на енергија, но пациентот ќе остане ускратен. Имено, самата онколошка болест предизвикува губење на тежината. Туморот, покрај потиснување на апетитот, доведува до зголемена потрошувачка на енергија во организмот. Енергијата се троши, а пациентот доживува голема загуба на маснотии и мускулна маса.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини