ДАЛИ АНБ ГО СЛЕДЕЛА МИЦКОСКИ ВО ПРИЛЕП? Ковачки објави фотографија од возилото на разузнавачите
Пратеникот ги објави и иницијалите на оперативците (Р.Ва., Р.Вр., и Г.К.) и на Ковачевски и на Спасовски им се закани дека ќе одговараат.
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) се уште не се огласила за тврдењето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, дека оперативците на Агенцијата го следеле лидерот Христијан Мицкоски во Прилеп.
Ковачки објави фотографија на возило за кое тврди дека е на оперативците на АНБ. Тоа возило завчера цел ден биле во Прилеп, каде што бил и претседателот на партијата Мицкоски. Возилото наводно имало соодветна опрема и било паркирано во близина на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.
Пратеникот ги објави и иницијалите на оперативците: Р.Ва., Р.Вр., и Г.К.
„Следите, прислушкувате и сакате да заплашите. Ниту ви поминувало, ниту ќе ви помине. Доаѓа време за одговорност. За многу кратко време од сега ќе треба да кажете како и што сте работеле со државните ресурси. Во која НАТО држава АНБ, наместо да си ја работи работата што и е пропишана со Закон, се фокусира на следење и документирање на активностите на опозицијата? Ковачевски и Спасовски, за секое следење, прислушкување и тероризирање ќе одговарате!“, напиша Ковачки на Фејсбук.
Цели 14 часа по објавата на Ковачки, АНБ молчи за неговите на води.