ДАЛЕКУ СМЕ ПРЕД ДРУГИТЕ ВО ПЛАНОТ ЗА РАСТ Македонија не коленичи на патот кон ЕУ
Вицепремиерот Николоски порача дека Македонија води достоинствена политика без отстапки. Еве во Планот за раст сме далеку пред земјите во регионот и тоа може да се види во новиот извештај што ќе излезе во јуни, вели тој.
Добро е што ние водиме достоинствена политика, не правиме понижување ниту од себе, ниту од сопствената нација и држава и не коленичиме, туку достоинствено ја водиме политиката и ставот за ЕУ ни е јасен, рече вицепремиерот Николоски во емисијата Само Интервју, одговарајќи на прашањата за влезот на Македонија во ЕУ.
– Тоа што е до нас, го правиме. Еве во Планот за раст сме далеку пред земјите во регионот и тоа може да се види во новиот извештај што ќе излезе во јуни. Во делот на реформи спроведуваме тоа што се бара, во другиот дел немаме што да правиме и мислам дека е јасно Софија не е проблемот, туку Софија е добар изговор за да не се реши проблемот. Чекаме неколку големи главни градови да решат дали сакаат проширување на ЕУ или не. Ако сакаат проблемот со Бугарија ќе се реши за едно попладне – дециден е вицепремиерот.
Николоски додава:
– Жал ми е што сум во право, велам за жал затоа што предупредувањата што ги давав немаа цел да нешто лошо се случи, туку да предупредам на време што ќе се случи. Работата на политичарите е да носат одлуки врз основа на информациите кои што ги имаат, но исто така и да ја информираат јавноста за она што е реалноста и вистината и да на тој начин се прилагодува и јавноста.