ДА ЖИВЕЕ ОПЕРАТА! Традиционален гала оперски концерт по повод Василица

822

„VIVA L’OPERA!“ е наслов на традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот Василица, што ќе се одржи в среда и в четврток, 12 и 13 јануари 2022, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет.

Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува. Оваа година посетителите ќе имаат можност да уживаат во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар.






Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер Дејан Прошев, светло дизајн Нино Митевски, концерт мајстор Климент Тодороски, хор мајстор Јасмина Ѓорѓеска.

Ќе настапат нашите оперски уметници Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Александар Стефаноски (бас).

Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

 

Поврзани содржини