🎥 ДА ЖИВЕЕ АЈАТОЛАХОТ, ДА ЖИВЕЕ ШАХОТ Насилни протести низ Иран, едни за, други против власта
Најмалку 34 демонстранти и четворица припадници на безбедносните сили се убиени во немирите, а 2.200 луѓе се уапсени.
Насилни судири меѓу антивладините демонстранти и безбедносните сили избувнаа и вчера во повеќе градови во Иран. Бранот немири поттикнат од тешката економска криза трае веќе 11 дена. Иранската новинска агенција Фарс, блиска до Револуционерната гарда, објави дека во градот Лордеган на југозападот од земјата, вооружени лица убиле двајца полицајци.
Ескалација на насилството низ целата земја
Видео снимки што прикажуваат напнати конфронтации и пукања циркулираат на социјалните мрежи. Снимки од неколку области покажуваат како безбедносните сили пукаат со огнено оружје и со солзавец кон демонстрантите, од кои некои возвраќаат со фрлање камења. Според податоците од Агенцијата за човекови права на САД, протестите се прошени во 111 градови и населени места во сите ирански провинции.
🚨📍Tehran Bazaar, Iran. Jan 6 2026.
Tehran’s merchants are out in full force. Regime agents have blocked the exits, but that does not deter the brave Iranian people.
pic.twitter.com/znYlRnexKR— Seagull Shah (@seagullshah) January 6, 2026
Агенцијата наведува дека најмалку 34 демонстранти и четворица припадници на безбедносните сили се убиени во немирите, а 2.200 луѓе се уапсени. Би-Би-Си Персиан го потврди идентитетот на 21 починато лице. Иранските власти официјално објавија дека се убиени петмина припадници на безбедносните сили.
Економската криза како повод
Протестите почнаа на 28 декември, кога трговците во Техеран излегоа на улиците за да го изразат својот гнев поради драстичниот пад на вредноста на националната валута, ријалот, во однос на американскиот долар. Во изминатата година вредноста на ријалот падна на рекордно ниско ниво, а инфлацијата достигна 40 проценти, што е последица на санкциите поради иранската нуклеарна програма, како и на лошото управување и корупцијата.
Iran: nighttime protest in the city of Khorramdarreh (Zanjan province) pic.twitter.com/vVGsyOtpZi
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) January 7, 2026
Универзитетските студенти брзо им се придружија на протестите, а немирите се проширија и во други градови. Толпата често извикува слогани против врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, а понекогаш изразува поддршка за Реза Пахлави, протераниот син на последниот шах на Иран.
Жешки точки на протест
Во средата на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат демонстранти кои се собираат во градот Казвин, северозападно од Техеран, извикувајќи слогани против ајатолахот, извикувајќи „Смрт на диктаторот“, осврнувајќи се на врховниот лидер Али Хамнеи, како и „Да живее Шахот“.
Protests are sweeping across Iran tonight with more cities joining by the minute despite violent regime crackdown. Videos are of the protests in Astara, Rasht, Khorramdarreh (Zanjan) and Mehran (Ilam) – people chant “we don’t want a clerical state!”#IranProtests#اعتراضات_سراسری pic.twitter.com/x708VX7mQ6
— Ali Javanmardi (@Javanmardi75) January 7, 2026
Снимки од пристанишниот град Бандар Абас, на брегот на Персискиот Залив, покажуваат демонстранти кои скандираат „Полиција, поддржете нè, поддржете нè“, пред да бидат растерани од безбедносните сили.
Протести и за поддршка на ајатолахот
Во исто време, во Техеран се одржуваат и масовни протести за поддршка на ајатолахот Хамнеи.

Илјадници луѓе се собраа и во Исфахан, Иран, за да протестираат против неодамнешните немири и да ги осудат антииранските изјави на американските претставници.
Илјадници луѓе се собраа во Исфахан, Иран, за да протестираат против неодамнешните немири и да ги осудат антииранските изјави на американските претставници.
🚨🇮🇷Thousands gathered in Isfahan, Iran, to protest recent riots and denounce US officials’ anti-Iran statements. pic.twitter.com/kyTgMQPHll
— The Saviour (@TheSaviour) January 7, 2026
Судири и плач во чест на династијата Пахлави
Во шиитскиот свет град Машхад, на североистокот од земјата, демонстрантите се судрија со безбедносните сили и ги принудија да се повлечат. Друго видео ја покажува толпата како извикува слогани во поддршка на династијата Пахлави, која беше соборена од Исламската револуција во 1979 година.
Доцна попладне вчера, голем протест се одржа и во југозападниот град Абадан, во близина на границата со Ирак. Снимки од овој собир покажуваат протестанти што извикуваат: „Топови, тенкови, петарди! Мулите треба да бидат надвор“, со шти испратија јасна порака до иранското свештеничко раководство.
Други снимки, направени од балкон во градот, се чини дека покажуваат како безбедносните сили пукаат додека се повлекуваат од налетот на демонстрантите кои фрлаат камења и други предмети кон нив.
Солзавец, мртви полицајци и ограничен пристап до медиумите
Безбедносните сили се снимени како користат солзавец за да го растераат протестот во Алигударз, друг западен град, откако толпа се собра на градскиот плоштад скандирајќи „Народно востание, да живее“.
Во Лордеган, според државната агенција Фарс, двајца полицајци се убиени за време на протестот во среда. Агенцијата соопшти дека полицајците, кои ги именуваше како Хади Азарсалим и Мослем Махдавинасаб, се убиени од „вооружени лица кои беа дел од група бунтовници“.
Овие обвинувања не можеа веднаш да бидат независно потврдени бидејќи Би-Би-Си и другите меѓународни медиуми или немаат дозвола да известуваат од Иран или, доколку им се даде дозвола, се соочуваат со строги ограничувања за движење и за работа.
Лордеган веќе беше место на насилни судири за време на немиритњ, а двајца демонстранти беа убиени таму минатиот четврток.
Владата бара да се прави разлика помеѓу демонстрантите и бунтовниците
По состанокот на кабинетот во среда, потпретседателот за извршни работи Мохамад Џафар Каемпанах изјави дека претседателот Масуд Пезешкијан наредил да не се преземаат „безбедносни мерки“ против мирните демонстранти.
– Оние кои носат огнено оружје, ножеви и мачети и напаѓаат полициски станици и воени објекти се бунтовници и ние мора јасно да ги разликуваме демонстрантите од бунтовниците – додаде тој.
Државните медиуми, исто така, објавија дека владата почнала да исплаќа нов месечен надоместок на 71 милион граѓани, во износ од околу 7 американски долари, за да го ублажи влијанието на високите трошоци за живот.
Во исто време, шефот на судството, Голамхосеин Мохсени Еџеи, им рече на полициските команданти дека против „бунтовниците“ ќе се спроведе „брза“ кривична постапка и ќе бидат изречени казни, со цел да дејствува како средство за одвраќање.
Хамнеи, Трамп и заканите за интервенција
Врховниот лидер Хамнеи, кој има врвна моќ во Иран, во саботата изјави дека властите треба да „разговараат со демонстрантите“, но и дека „на бунтовниците треба да им се покаже каде им е местото“.
Неговите забелешки дојдоа откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека САД ќе интервенираат доколку иранските безбедносни сили убијат мирни демонстранти.
– Ние сме вооружени и подготвени – рече Трамп.
Д-р Санам Вакил, директорка на програмата за Блискиот Исток во лондонскиот тинк-тенк „Чатам Хаус“, изјави за Би-Би-Си дека протестите брзо добија политички карактер и се водени од длабоко вкоренето незадоволство кај јавноста.
– Луѓето се презаситени од сè. Тие немаат перспектива за иднината. Секојдневниот живот станува сè потежок. Ако има поголем моментум и повеќе луѓе се истурат на улиците, протестите ќе станат посериозни и, се разбира, тогаш одговорот на владата ќе биде понасилен – рече таа.
Страв од пожестока репресија и сеќавање на 2022 година
Садег Зибакалам, професор по политички науки на Универзитетот во Техеран, за Би-Би-Си изјави дека иранските власти би можеле да избегнат пожестока репресија токму поради заканите на Трамп.
– Некои ирански лидери – команданти на Револуционерната гарда и безбедносните сили можеби овој пат ќе бидат повнимателни и нема да брзаат да ја потиснат толпата, плашејќи се дека тоа би можело да предизвика американска интервенција – рече тој.
Овие протести се најсилните и најраспространетите од востанието во 2022 година, кое избувна по смртта на Махса Амини, млада Курдка која почина во притвор откако беше уапсена од полицијата за морал поради наводно неправилно носење хиџаб.
Според податоците од организациите за човекови права, за време на насилното задушување на тие протести, безбедносните сили убиле повеќе од 550 луѓе, а околу 20.000 луѓе биле приведени.