ДА ЗАВРШИ НАСИЛНАТА ВОЈНА ШТО НИКОГАШ НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ СЛУЧИ Трамп ќе разговара со Путин, па со Зеленски и со членки на НАТО

Темите на разговорот ќе бидат запирање на „крвопролевањето“ што убива, во просек, повеќе од 5000 руски и украински војници неделно, и трговијата, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп.

148

Во понеделник, во 10 часот наутро, ќе разговарам телефонски со претседателот Владимир Путин од Русија. Темите на разговорот ќе бидат запирање на „крвопролевањето“ што убива, во просек, повеќе од 5000 руски и украински војници неделно, и трговијата, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој на својата социјална мрежа Трут Соушл информира дека потоа ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа со Зеленски и со различни членови на НАТО.






„Се надевам дека ќе биде продуктивен ден, ќе се случи прекин на огнот и оваа многу насилна војна, војна што никогаш не требаше да се случи, ќе заврши“, напиша претседателот Трамп.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред руските новински агенции потврди дека се подготвува телефонски разговор меѓу лидерите на Русија и САД.

„Разговорот се подготвува“, рече Песков, коментирајќи ја објавата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Претходниот телефонски разговор меѓу претседателите Трамп и Путин се одржа на 18 март.

Поврзани содржини