ДА УМРАТ ИЛИ ДА СЕ ПРЕДАДАТ За Хамас нема друга опција, тврдат израелските сили
Газа е под опсада и напад на израелските безбедносни сили откако палестинска милитантна организација Хамас изврши ненадеен ракетен и копнен напад врз еврејската држава на 7 октомври
Хамас има избор помеѓу двете опции „да умре или да се предаде безусловно“, истакна денеска израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.
Газа е под опсада и напад на израелските безбедносни сили откако палестинска милитантна организација Хамас изврши ненадеен ракетен и копнен напад врз еврејската држава на 7 октомври, земајќи како заложници стотици Израелци и странски државјани.
– Непријателот има само две опции: да умре или безусловно да се предаде. Трета опција нема – рече Галант на прес-конференција во Тел-Авив.