ДА УЧЕСТВУВАМЕ ВО ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА ЗА ДА СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ ПОТКУПОТ Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се воздржи од гласањето на составот на таа влада

Мицкоски посочува дека учеството на ВМРО-ДПМНЕ, односно нејзини кадри во техничката влада ќе се борат и ќе спречат изборен поткуп каков што, според него, имало на последните локални избори од страна на структури од владејачките партии, поткуп без кој, како што вели тој, победата на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и Битола би биле многу поголеми.

2,454

Мојот став е дека, во едни вакви услови кога тоа е регулирано со закон, ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во таа техничка влада, треба да номинира свои претставници, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото интервју во „360 степени” која се емитува на МРТ во однос на учеството на партијата во техничката влада сто дена пред избори.

Тој посочува дека учеството на ВМРО-ДПМНЕ, односно нејзини кадри во техничката влада ќе се борат и ќе спречат изборен поткуп каков што, според него, имало на последните локални избори од страна на структури од владејачките партии, поткуп без кој, како што вели тој, победата на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и Битола би биле многу поголеми.






Но, додаде Мицкоски, истовремено треба да се воздржи од гласањето на составот на таа влада, затоа што партијата цени дека е спротивен изборот на првиот човек кој што ја води таа влада од законот на кој што таа техничка влада се повикува.

Мицкоски дополнува дека за него и за многу правни и уставни експерти кои што ги консултирал, техничката влада е имплант спротивен на Уставoт.

– Во услови кога понудивме да нема техничка влада, во услови кога понудивме да одиме на овие избори со политички избрана влада, па дури и доколку тие имаат некаков си политички договор, повторно можеше тие да си го испочитуваат тој договор, а да нема техничка влада. И тоа не значи дека условите се повеќе демократски, туку едноставно цениме дека еден имплант на нашето законодавство, кое што де факто, а и ако ги прашате уставните експерти ќе ви кажат и де јуре, е спротивен на уставот, треба да го избришеме. И ако бараме подобар начин да имаме подобар и поточен изборен процес, тогаш можеме да најдеме и да бидеме покреативни, а да биде во согласност со Устав и они тоа го одбија. Не знам за што го одбија, но го одбија. Тоа се, претпоставувам, нивни политички калкулации – вели Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ анкетите говорат дека на парламентарните избори партијата ќе има убедлива победа. Тој рече дека потоа ќе следуваат историски реформи и трансформација.

– Бидејќи и ние правиме анкети некогаш две, некогаш три месечно последната на изборен примерок од 1.000 испитаници по изборна единица ја направивме во ноември и бројките се дека ВМРО-ДПМНЕ во ноември се движи помеѓу 51 и 54, СДСМ се движи помеѓу 26 и 29, ДУИ има едно сценарио доколку оди заедно со Алијанса на Албанците споредено со тројната коалиција Движењето на Изет Меџити, Беса и Алтернатива и втората варијанта е кога ДУИ оди посебно и посебно оди Алијанса за Албанците, а тројната коалиција која веќе е официјална оди заедно. Бројките кои заедно ги делат се некаде 27-28 и заедно партијата Левица и партијата на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски заедно делат некаде околу 12 пратеника – рече Мицкоски.

Во однос на претседателските избори догодина, Мицкоски изјави дека најмалку пет од 22 кандидати од кои ВМРО-ДПМНЕ во март ќе избира да го номинира својот кандидат се „убедливи споредено со потенцијалните кандидати за власта“. Тој рече и дека сите имиња ќе ѝ бидат познати на јавноста.

На прашањето колку ќе влијае феноменот Данела Арсовска во смисла да биде претседателскиот кандидат партиски или не, Мицкоски вели дека човек секогаш треба да учи од грешките во минатото.

– Јас ценам дека ние многу научивме од грешките во минатото, луѓе сме работиме, живи луѓе сме правиме понекогаш грешки не сме идеални и ценам дека сето тоа е дел од таа неравенка која на крајот треба да даде егзактно решение кој ќе биде кандидатот кој делегатите на конвенцијата  ќе го изберат за кандидат што ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ.

Запрашан во врска со Љупчо Палевски осомничен за двојно убиство кој е во бегство, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Палевски е партиско-политичка инсталација на СДСМ која му нанесува штета на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски раскажа дека ВМРО-ДПМНЕ не му помогнало на Палевски да собере потписи да ја формира својата партија „Десна“, иако Палевски потоа сепак успеал да ги собере.

Мицкоски додаде дека јавноста и луѓето кои што се во политиката точно знаат кој му помогна на Љупчо Палевски во собирање на потписи за регистрирање на партија.

– Погледнете ги потписите на лицата кои што се потпишани и ќе го добиете одговорот – укажа Мицкоски.

 

Поврзани содржини