ДАЈТЕ НИ ЕДНА ГОДИНА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Договорот меѓу Вреди и ВМРО-ДПМНЕ има четири точки, потсети Таравари

Министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, истакна дека уставните измени мора да се реализираат што побргу за да се отстрани пречката на патот на Македонија кон ЕУ.

867

Ние инсистираме постојано да се случат уставните измени колку е можно побргу. Но, дајте ни една година за тоа да го направиме – изјави Арбен Таравари, министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, од коалицијата Вреди, во емисијата „Дневен клик“ на ТВ 21.

Тој проговори и за уставните измени, кои се пречка на патот на Македонија кон ЕУ. Како што вели, договорот меѓу Вреди и ВМРО-ДПМНЕ имал четири точки.






– Договорот меѓу Вреди и ВМРО-ДПМНЕ има четири точки. Првата и најважна е европскиот пат и почеток на преговорите, втората е борбата против криминалот и корупцијата, третата е економскиот развој, а четвртата е децентрализацијата – вели Таравари.

Поврзани содржини