ДА СЕ ЗАШТИТАТ РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО СЕКТОРОТ Синдикатот за угостителство и туризам дава поддршка на законот против пушење

Синдикат даваат поддршка и запоригорозeн закон за угостителство, кој се изработува од Министерството за економија и труд. 

28

Претседателот на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), Стојанче Кашиковски, во изјава за медиумите денеска истакна дека тие го поддржуваат новиот закон за заштита од пушење, но, како што рече, треба да се најдат начини и мерки да не предизвика намалување на бројот на работници во овој сектор.

– Ние како синдикат имаме забелешки и ќе ги доставиме. Очекуваме и угостителите, Комората на угостителите, односно на работодавачите, да ги даде своите забелешки. Нашите забелешки се во насока да не се загубат работни места.  Знаеме дека овие два сектора се дефицитарни со кадар. Покрај ниските плати, некои од работниците ни заминуваат во странство. Сметаме дека и ова ќе биде еден вид мал удар за намалување на бројот на работници во овие два сектора – во угостителството и во туризмот – рече Кашиковски.






Тој смета дека добро е решението што беше во претходниот закон, со кој во угостителските објекти беше обезбеден дел за пушачите.

–  Треба да биде посилна контролата и мислиме дека на тој начин ќе се задоволат на еден начин и двете страни. Знаеме дека и досегашниот закон предвидуваше одредени простори за пушачите или таканаречени тeраси, предвидуваше таков дел во кој пушачите ќе бидат во можност да може да уживаат во тоа свое задоволство. Сметаме дека со стриктна примена, со посилни контроли, ќе се придонесе на тој начин – рече Кашиковски.

Toj нагласи дека како синдикат даваат поддршка и во однос на поригорозeн закон за угостителство, кој се изработува од Министерството за економија и труд.

–  Зошто? Бидејќи ние како синдикат, меѓу другото, го застапуваме и делот за безбедност и здравје при работа на работниците и сметаме дека со овие построги законски решенија би се избегнале можности и за повреди на посетителите во одредени објекти, заштитата на работниците во овие два сектора би била поголема. Покрај унапредувањето на работничките права, ние како синдикат се залагаме за почитување на сите оние мерки за безбедност и здравје при работа не само за работниците туку и за посетителите на одредени објекти – рече претседателот на СУТКОЗ, Кашиковски.

Поврзани содржини