ДА СЕ ЗАБРЗА ДЕПОРТАЦИЈАТА НА МИГРАНТИТЕ ОД ЕУ Франција и Германија сега бараат построг пристап
Политико објави дека лидерите на ЕУ планираат да извршат притисок врз Европската комисија да излезе со нови упатства за депортација на состанокот на 17 октомври во Брисел.
Лидерите на ЕУ се залагаат да се забрзува депортацијата на мигрантите како дел од пошироките напори за заострување на миграциската политика, се вели во нацрт-заклучоците во кои имал увид Политико.
Франција и Германија, исто така, се приклучија на иницијативите за заострување на пристапот на мигрантите во Европа.
Според нацрт-заклучоците, лидерите на ЕУ планираат да извршат притисок врз Европската комисија да излезе со нови упатства за депортација кога ќе се состанат на 17 октомври во Брисел.