ДА СЕ ЗАБРАНИ ПРОИЗВОДСТВОТО НА КАНАБИС ВО ЗЕМЈАВА! Наместо за медицински цели завршува на нарко-пазарот, обвинува Демократски сојуз

Последната акција на МВР, во која се опфатени и партиски активисти, укажува на примамливоста и огромните нелегални профити од овој вид легализиран криминал, укажува ДС.

242

Легализацијата на производство на канабис за медицински цели се злоупотребува. Повеќе од 70 фирми произведуваат канабис без ефикасна контрола од државните институции и производството се пласира на нелегалниот пазар, со што се шири нарко-бизнисот и злоупотребата на канабисот, реагира партијата Демократски сојуз.

Присуството на експерти од странство за борба против нарко-бизнисот во Македонија, потврдува дека овој криминал поприма сериозни димензии и повлекува формирање на нарко-картели, меѓусебни пресметки и ликвидации, како и ширење на наркоманијата во големи размери и надвор од Македонија.






Досега се откриени над 10 „кражби“ на марихуана, обиди за нелегална продажба на канабис итн. Состојбите се загрижувачки и прашање е кога ке добиеме сериозна критика и одлука за забрана на прозводство на канабис и од Организацијата на обединетите нации.

Последната акција на МВР, во која се опфатени и партиски активисти, укажува на примамливоста и огромните нелегални профити од овој вид легализиран криминал.

Во овој „бизнис“ се вклучени и носители на високи државни и политички функции.

ДС по изборите ќе предложи укинување на законот за легализација на производство на канабис за натамошна продажба“ – се вели во соопштението на партијата.

 

 

Поврзани содржини