Да се прифати ли нуклеарното оружје на Макрон?

Кога францускиот претседател Емануел Макрон објави неодамна дека работи на тоа поголеми делови од Европа да бидат заштитени со француско нуклеарно оружје, шведските социјалдемократи не истапија само со критика на премиерот Улф Кристерсон, затоа што сака да биде дел од соработката. Тие исто така го критикува Макрон.

1

„Не ми треба меѓународно право“, изјави Доналд Трамп во интервју за „Њујорк тајмс“. Што е, всушност, неговото единствено ограничување во односите со другите земји? Тоа е: „Мојот морал. Јас самиот. Тоа е единственото нешто што може да ме запре.“

Американскиот претседател понатаму забележува дека можеби ќе мора да избере помеѓу Гренланд и НАТО – додавајќи дека алијансата е ништо без САД.






Првата година од вториот мандат на Доналд Трамп беше драматична – и означи значителен пресврт од неговите први четири години. Тогаш, првенствено постоеше страв дека тој ќе ги извлече САД од НАТО и ќе ја остави Европа сама со Владимир Путин. Сега е јасно дека тој е подготвен да ја искористи зависноста за да изнуди отстапки од Европа.

Оттаму гледано, прашањата добиваат се поголема тежина. Кога ќе се постави прашањето за европското нуклеарно оружје, во до неодамна неутрална Шведска се раздвижуваат старите дилеми. Посебно меѓу шведските социјалдемократи. Но, во исто време, светот се движи во сосема нова насока.

Во дебатата најчесто победува оној што може најдобро да атакува на предвидлив противник, држејќи се притоа цврсто за партиската пристрасност без ниту најмало двоумење. Сепак, денешната надворешна политика е нешто друго, се движи екстремна брзина. Дилемите стануваат уште повеќе мачни доколку премногу се заостанува зад таа брзина.

Кога францускиот претседател Емануел Макрон објави неодамна дека работи на тоа поголеми делови од Европа да бидат заштитени со француско нуклеарно оружје, шведските социјалдемократи не истапија само со критика на премиерот Улф Кристерсон, затоа што сака да биде дел од соработката. Тие исто така го критикува Макрон. Дискусијата за зголемување на бројот на боеви глави и започнување дијалог со неколку други земји за тоа како би можела да изгледа соработката ризикува „повторно создавање трка во нуклеарно вооружување“, сметаат социјалдемократите. Иако Макрон, всушност, се обидува да го избегне тоа, токму преку соработка што би се темелела врз капацитетите на француското нуклеарно оружје.

Макрон, исто така, сфаќа дека нема време за губење. Следната година, десничарските националисти на Марин Ле Пен би можеле да победат на претседателските избори, а таа воопшто не покажува разбитрање и не е заинтересирана да им помага на други земји со таков вид услуга. Доколку дотогаш не се воспостави соработка, би се зголемила веројатноста повеќе земји да размислат за сопствено нуклеарно оружје. Вклучувајќи ја и Шведска.

Сличностите се впечатливи со тоа како звучеше кога Русија ја започна својата инвазија на Украина, што директно влијаееше на интензивирање на дискусијата за членството на Шведска во НАТО. Но критичарите укажуваат дека на социјалдемократите им беа потребни три месеци да се „предомислат“ и да кажат „да“ за НАТО.

Тогашниот шведски министер за одбрана од редовите на социјалдемократите, Петер Хултквист, би сакал да тврди дека промената дошла одвнатре, но најголема мера пресудна беше, заправо, решителноста на Финска да се приклучи на Алијансата, а по што силно беше повлечена и Шведска во истатата насока. Не можело повеќе да се затвораат очите пред драстично променетите безбедносни предизвици.

Кога министерот за одбрана Хулквист подоцна беше прашан дали нема да поднесе оставка, бидејќи ветуваше дека никогаш нема да ја внесе Шведска во НАТО, тој се спротивстави. „Поважно е да се преземе одговорност за она што доаѓа, отколку да се заглави во она што беше претходно“, објасни тој.

Сега повторно се случува точно истото: социјалдемократите се заглавија во приказната за себе. Претседателката на социјалдемократите, Магдалена Андерсон, која е и кандидат за нов шведски премиер, доколку опозицијата победи на праламентарните избори во септември годинава, би одбила разговори со Макрон доколку беше премиерка. Таа неодамна го изјави тоа во едно интервју.

Со други зборови, таа по се изгледа ја прави точно истата грешка како и при почетокот на војната во Украина. Наместо да размислува врз основа на новата ситуација, таа одговара со оживување на старите дилеми на партијата околу разоружувањето.

Само што овојпат не се финските социјалдемократи, туку француските либерали, кои сакаат да помогнат да го поттурнат шведскиот воз во вистинската насока. Дури и обидот да не се размислува за различни алтернативи, како што беше нагласено во некои медиумски коментари, е речиси недолично однесување од страна на лице кое се стреми кон премиерската функција.

Затоа што кога САД брзо го менуваат својот облик на дејствување – и ја гледаат воената зависност на Европа како шанса да ја уценуваат – тие го превртуваат полето за играње на европската безбедносна политика по втор пат за кратко време. Трамп го бомбардира меѓународното право на парчиња, се потсмева на Украина и се заканува дека ќе преземе делови од суверени земји. На пример, од соседна Данска (Гренланд). Дали таа епизода беше недоволно јасна?

Европа, како што се слуша од разни страни, мора брзо да ги зголеми своите одбранбени капацитети, бидејќи додека Русија претставува главна закана, не може да се игнорира дека одбраната на Европа е исто така прашање поврзано со нуклеарно оружје.

Емануел Макрон го сфаќа ова. И шведскиот премиер на конзервативно-десничарската коалиција, Улф Кристерсон, се чини остава таков впечаток. Освен тоа, појдовната точка на Кристерсон во разговорот со Макрон е дека не треба да се поставува нуклеарно оружје на шведска почва во мирнодопско време. Со други зборови: се прави обид за исклучок, со цел социјалдемократите полесно да можат да се справат со своите дилеми.

Сепак, лидерката на социјалдемократите Магдалена Андерсон засега реагира толку категорично. Но прашање е дали тоа и овојпат ќе трае подолгорочно? Да се ​​сфати сериозно понудата на Макрон не е, пред се, прашање кое ги отвара сите мачни дилеми за колебање, туку можностите за интелектуална мобилност. Да се крене нивото на готовноста да се ​​извлечат нови заклучоци во услови кога светот забрзано се менува.

И да не се прави тоа, во смисла на непосакуван ефект, дури тогаш кога ќе биде предоцна.

 

 

Поврзани содржини