„ДА СЕ ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ЗАГОВОРОТ ПОВРЗАН СО БАЈДЕН“ Медиумите и политичарите намерно ја криеја менталната состојба на претседателот, обвини Захарова

547

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, ноќеска изјави дека по повлекувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден од претседателската трка треба да се отвори истрага за заговорот на американските медиуми и политичари, кои ги обвини дека „ја прикриле вистината за неговата психичка состојба“, пишува Волстрит џрнал.

– Следниот чекор мора да биде истрага за заговорот на американските медиуми и политички кругови, кои ја криеја вистината за неговата ментална состојба, за манипулирање со јавното мислење и за дејствување во врска со една политичка партија – изјави Захарова.






Вчера Бајден објави дека се повлекува од трката за реизбор и ја поддржа американската потпретседателка Камала Харис во трката за претседателски кандидат на Демократската партија. Тој рече и дека ќе остане претседател на САД до крајот на мандатот на 20 јануари 2025 година.

Поврзани содржини