Да се одлучи како ќе работат судовите во Дебар и во Центар Жупа
По донесената одлука за прогласување на кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, Министерството за правда ги извести за донесената одлука претседателот на Судскиот совет Киро Здравев и Јавниот обвинител Љубомир Јовески, соопшти Министерството за правда.

– Известени се дека главниот штаб, согласно Законот за управување со кризи, во рок од 24 часа треба да издаде акциски план за постапување кој Судскиот совет и Јавното обвинителство треба да го земат предвид при носењето одлуки поврзани со работата на судовите и обвинителствата кои постапуваат на териториите на коишто е прогласена кризна состојба.
Остануваме во постојана комуникација и очекуваме Судскиот совет и Јавното обвинителство до почетокот на работната недела да испратат конкретни напатствија за постапување на судовите и јавните обвинителства со надлежност над овие општини, соопшти министерството.
Од таму потсетувааатдека сите други институции во сферата на правосудството треба доследно да се придржуваат до сите задолженија, препораки и одлуки на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.