ДА СЕ ОБНОВАТ ВОЗАЧКИТЕ СО СТАРОТО УСТАВНО ИМЕ, АПЕЛИРА МВР Околу 250.000 граѓани до Нова година треба да извадат нови дозволи
Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење, соопшти МВР
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име на државата, согласно со промената на Законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Министерството ги повикува сите граѓани кои сè уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват до истекот на рокот, со цел да не се создава непотребен метеж.
Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење, соопшти МВР.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски минатата недела информираше дека досега се заменети околу 750.000 возачки дозволи, а потребно е да се стигне до милион дозволи, штро значи дека во следните три и пол месеци треба да се заменат 250.000 возачки дозволи. Тој најави дека наскоро МВР ќе почне кампања со цел да ги поттикне возачите навреме да ги сменат возачките дозволи.