ДА СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА СМЕНЛИВОСТ Куновска бара секој неспособен да замине веднаш

Поранешната пратеничка вели дека во спротивно на власт ќе се заменуваат неспособни и ќе владеат по 15 години.

974

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Софија Куновска  побара оставки по трагедијата во Тетово. Таа на својот фејсбук профил напиша дека проблемот е во тоа што во нашата држава нема сменливост за неспособните.

„Се што сакам да ви кажам во овој миг е дека ја плаќаме цената на неможноста за сменливост на неспособните.Да се избориме за СМЕНЛИВОСТ. Секој неспособен треба да замине веднаш, без одлагање. Во спротивно нашите животи ќе се состојат од 10 до 15 години еден, 10 до  15 години друг…. и оп, отиде животот“, напиша Куновска.

Поврзани содржини