ДА СЕ ДРЖИ ОНЛАЈН НАСТАВА КОГА ИМА ДОЈАВА ЗА БОМБА Министерството за образование препорача да не се губaт часови
Според насоките дадени од МОН на учениците им се дава еден час да стигнат дома и да се вклучат на настава.
Министерството за образование одлучи да се организира онлајн настава во деновите кога во училиштата има дојави за поставени бомби. Цел на ваквата одлука е да не се губи преостанатиот дел од денот.
За ова се информирани општините и сите училишта.
Според насоките дадени од МОН на учениците им се дава еден час да стигнат дома и да се вклучат на настава.
Вчера и родителите добија порака во која се бара од нив да ги проверат профилите на своите деца на тимс платформата на која онлајн настава се следеше и за време на пандемијата од корона вирусот.
Во дописот кој МОН го испратил до основните и до средните училишта биле посочени и начини за користење на електронските адреси и насоки за зајакнување на контролата за влез и излез во училиштата.