Да се биде заборавен може да биде корисно за интелигенцијата на човекот, покажува ново истражување на Универзитетот во Торонто, Канада, пишува Индипендент.
Професорот Блејк Ричардс еден од авторите на студијата вели:
– Важно е умот да заборава небитни детали и наместо тоа да се фокусира на материјал кој ќе му помогне да носи одлуки во реалниот живот. Знаеме дека вежбањето го зголемува бројот на неврони во хипокампусот, но токму тоа се детали кои не се важни и кои ве оттргнуваат од добрите одлуки.
Професорот Ричардс и коавторот Пол Франкланд сметаат дека меморијата се користи за да се оптимизира процесот на носење одлуки со тоа што ќе се задржат корисните информации а некорисните ќе се испуштат и со тоа ќе се направи место за информациите што се вредни.
Тие велат дека овој аспект на заборавност е веројатно благодет за нас а не пречка.
Ако луѓето забораваат важни работи со алармантна брзина тогаш тоа е загрижувачко.
Студијата покажува дека заборавањето на деталите тука и таму е знак на здрав мемориски систем, кој работи како што треба. Кои информации се отфрлени зависи од ситуацијата, според професорот Ричардс.
Добар пример за тоа е продавачка во супер маркет која дневно гледа бројни муштерии, и вработена во мало локално кафуле која со тек на време ќе почне да ги препознава локалните жители.
– Најдобро за меморијата е да не меморирате апсолутно сѐ. Ако се обидувате да донесете одлука, тоа нема да биде возможно зашто вашиот мозок постојано ќе биде бомбардиран со бескорисни информации – вели Ричардс.
Секогаш ги идеализираме луѓето кои памтат тривијалности, но поентата на меморијата не е да се биде способен да се запомни кој победил на Купот Стенли во 1972 година.