ДА ОСТАНЕВ СО ЏЕНИФЕР ЌЕ БЕВ АЛКОХОЛИЧАР Јавноста згрозена од изјавата на Бен Афлек
Бен Афлек говореше за пропаднатиот брак со актерката Џенифер Гарнер за кој вели дека не функционирал.
Кога некој ќе го спомене Бен Афлек, веднаш се присетуваме како ја напушти Џенифер Лопез без да се венчаат, како ја расплака поранешната сопруга Џенифер Гарнер на скалите пред нивната куќа, а сето тоа го фотографирале папараците, потоа по бакнувањата на плажа со Ана де Армас, па по тоа како трчал по неа како куче, а потоа и по тагата откако истата таа го шутна.
Потоа нагло се „сети“ дека отсекогаш ја сакал Џенифер Лопез со која сега среќен ги поминува деновите.
И додека тој живее и ужива со својата голема љубов, некако повторно успеа да вика на Џенифер Гарнер која никогаш не кажала ниту еден лош збор за него и која речиси сама ги чува нивните деца.
Но, како тоа да не му било доволно, вчера изјавил:
– Ако останев во брак со Џенифер Гарнер, веројатно сè уште би пиел! А, затоа и почнав да пијам, затоа што се чувствував заробено во бракот со неа. Бев во фазон: „Не можам да си одам поради моите деца, но не сум среќен, што да правам?“. Затоа пиев по шише шток дневно додека заспијам на креветот, што на крајот не излезе дека е добро решение!“
Бен Афлек говореше за пропаднатиот брак со актерката Џенифер Гарнер за кој вели дека не функционирал.
– Тоа се случува. Таа е личност која јас ја сакам и почитувам, но со која повеќе не можев да бидам во брак. Веројатно и понатаму би пиел, а почнав да пијам бидејќи влегов во рутина во која се чувствував заробен, неодамна откри Бен.
Со Гарнер тој беше во брак од 2005 до 2018 година, двајцата сакале да го спасат нивниот однос поради трите деца Виолет (16), Серафин Роуз Елизабет (12) и синот Семјуел (9).
– Се обидувавме поради децата, но и двајцата чувствувавме дека не сакаме децата да мислат дека така треба да изгледа бракот. И сѐ што прочитавте за нашиот брак се глупости. Вистината е дека ни требаше извесно време да донесеме одлука и да се разделиме – потенцира Афлек.
Актерот од 2001 па до 2017 година бил на неколку сесии за откажување од алкохол, што и го признал во 2018 година, откако разводот бил реализиран. Меѓутоа, многумина не се убедени дека ја излекувал зависноста. Во текот на сите тие трезнења, Џенифер Гарнер била покрај него.
По неговата изјава, јавноста е згрозена од неговите зборови, имајќи предвид дека ниту еднаш за време на нивниот брак, но и по разводот, неговата поранешна сопруга не рече ништо лошо за Бен.
Иако во медиумите се потенцира приказната дека тој и Џенифер Лопез се во голема љубов, на многумина таа приказна повеќе им личи на маркетиншка одошто на љубовна.
Инаку, Афлек е познат по своите пороци, освен зависноста од алкохолизам, тој беше зависен и од коцкањето.
ФОТО: Инстаграм