ДА НЕ ГИ ПОВТОРУВАМЕ СТАРИТЕ ГРЕШКИ Тие нѐ доведоа до две светски војни

Изјавите на Русија се нечуени и ужасни, тие ги надминуваат заканите за Украина, додаде Кулеба, мислејќи на говорот на Путин во кој тој рече дека Украина нема право да постои.

413

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба денеска имаше обраќање на Генералното собрание на ОН од кое повика на „брзи, конкретни и решителни“ потези за украинската криза.

Кулеба кажа дека се наоѓаме „во критичен момент од светската историја и дека денешните акции на светот ќе го дефинираат тоа што следува во следните децении“.






– Не смееме да ги повторуваме грешките што нѐ доведоа до светски војни – рече Кулеба, апелирајќи до земјите да не ги повторуваат грешките од минатото.

„Обвинувањето на Русија дека Украина ја ескалира ситуацијата е апсурдно“, додаде Кулеба.

– Изјавите на Русија се нечуени и ужасни, тие ги надминуваат заканите за Украина – додаде Кулеба, мислејќи на говорот на Путин во кој тој рече дека Украина нема право да постои.

– Секој што мисли дека претерувам треба само да го погледне овој ужасен говор на Путин – рече украинскиот министер за надворешни работи.

Поврзани содржини