„ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ ДА СТАНЕ СМРТОНОСЕН БУЛЕВАР“ Аеродромци попладнево излегуваат на протест
Според здружението, улицата, ќе стане „топлински остров од асфалт и бетон“, а нашите најблиски ќе станат „подвижни мети на смртоносните возила“.
Со зборовите дека улицата Васко Карангелески во скопски Аеродром не смее да се претвори во булевар со брзи возила кој ќе биде опасност за децата од блиското училиште „Љубен Лапе“, здружението Зелен хуман град ги повика локалните граѓани на протест, денеска во 17 часот.
Според здружението, улицата, ќе стане „топлински остров од асфалт и бетон“, а нашите најблиски ќе станат „подвижни мети на смртоносните возила“.
Во април годинава беше исечен дрворедот од страната на улицата каде што е училиштето, што предизвика реакции во јавноста. Се стравува дека сеча може да е случи на другата страна.