ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ДА НИ СЕ ПОПРЕЧИ ПАТОТ Да се биде на вистинската страна е патот на мирот и напредокот
Најважно и неопходно, според Ковачевски, е да се продолжи со забрзани чекори кон евроинтеграцијата бидејќи, како што посочи тој, полноправното членство во ЕУ е да се биде на вистинската страна.
Да се биде на вистинската страна, значи да се избере патот на мирот и напредокот. Денес, повторно, нашата денешна битка е токму таква – да продолжиме по патот на мирот и прогресот, без да дозволиме кој било, што било и било кога да ни го попречи овој пат, порача премиерот Димитар Ковачевски на централната манифестација во Куманово организирана по повод 11 Октомври – Денот на народнот востание.
Осврнувајќи се на историјата, Ковачевски рече дека и во поновата македонска историја е задржан континуитетот да се биде на вистинската страна.
– Застанавме на вистинската страна и во 2018 година, со потпишувањето на Договорот од Преспа, по што станавме 30-тата полноправна членка на НАТО. Денес, во услови на мировните закани во глобален контекст, се сфаќа вистинското значење на оваа тешка, но единствено исправна одлука, со којашто ги зацврстивме територијалните граници на нашата држава на европската и светската мапа – рече Ковачевски.
Пред предизвикот сме, додаде премиерот, да ги реализираме и европските интеграции и да станеме полноправна членка на Европската унија.
– Европската Унија, јасно и гласно, во документите, преку европските лидери и на дело, во формалната комуникација што е достапна на сите граѓани, секојдневно, но и трајно го потврдува признанието на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Ја имаме целосната поддршка и во развојот на нашата мултиетничка граѓанска држава. Недвосмислено се почитува и нашето практикување на европски вредности во унапредувањето на добрососедските односи. Се вреднуваат и нашите определби со коишто се поставивме целосно на линија на политиките на ЕУ, во поглед на позициите во војната во Украина – нагласи Ковачевски.
Тој порача дека Владата е подготвена да ја предводи државата на патот кон целосно зачленување во ЕУ, со целосна цврста и трајна заштита на националните и државните интереси.
Членството во Европската унија нам ни е потребно, за да го осигураме развојот на државата, според европските демократски принципи и стандарди. Но, и на Европската унија ние сме ѝ потребни, како стабилизирачки фактор во регионот на Западен Балкан. Оваа историска шанса не смее и нема да се пропушти, порача премиерот Димитар Ковачевски на одбележувањето на Денот на народното востание во Куманово.
Најважно и неопходно, според Ковачевски, е да се продолжи со забрзани чекори кон евроинтеграцијата бидејќи, како што посочи тој, полноправното членство во ЕУ е да се биде на вистинската страна.
– Овој избор е пред генерациите на денешнината и на ова прогресивно политичко раководство на државата. Владата и јас како премиер сме подготвени да предводиме на патот кон целосно зачленување во ЕУ, со целосна цврста и трајна заштита на националните и државните интереси – подвлече Ковачевски.