ДА МУ СЕ ИЗВИНИМЕ НА ПРОГОНЕТИОТ ЈОВАН Љубчо Георгиевски вели истото го добивме со Нишкиот договор

Поранешниот премиер изјави дека 20 години државата го малтретира Архиепископот Јован.

1,755

Во своето најново интервју со новинарот Васко Ефтов, поранешниот претседател на Владата, Љубчо Георгиевски, истакнува дека со Нишкиот договор сите постапки за добивање на самостојност на Црквата биле исти како и при актуелнава процедура со мала разлика во временската рамка, но дури и да било така, процесот ќе бил завршен пред цели 17 години.

Поранешниот Премиер зборуваше и за државниот прогон врз Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован заради што, како што истакна, дваесет години се занимававме со човекови права, а тој прогон е регистриран во сите извештаи на Стејт Департментот. Поранешниот премиер изјави дека: дваесет години државата го малтретира Архиепископот Јован.






– И, сега, што е најинтересно, ние се правиме на Тошо како општество, меѓутоа Јован победи со неговата идеја. Ова што се случува сега, тоа е патот, кој требало да се следи, тоа е неговата идеја и македонското општество треба да му се извини на Архиепископот Јован – посочи Георгиевски.

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски го заврши разговорот за црковните случувања со следниот став: „Дваесет години скокаме во место, но сега е малку поскапа цената, бидејќи до ден денеска не знам како што сме признаени“.

Поврзани содржини