ДАЈКОН Е НАМИРНИЦА КОЈА ГИ ТОПИ МАСТИТЕ Белата јапонска ротква го ослободува телото од холестерол и триглицериди

Поради многу добриот сооднос на минерали, особено калиум и натриум, дајконот е исклучително силен диуретик. Богат е со витамин Ц, каротин, односно провитамин А и витамини од групата Б, па ги разградува тврдите масни наслаги од телото и го забрзува исфрлањето на токсините. Само изрендајте, зачинете и уживајте

641

Дајкон, односно, јапонската бело репа е сочна, крцкава и со поблаг вкус од нашите домашни ротквици. Можете да го најдете во повеќето од нашите маркети по многу прифатлива цена.

Изберете цврсти, мазни и тешки плодови со свежи листови. Плодовите од оваа репка чувајте ги во фрижидер, во пластична кеса, најмногу една недела.





Свежата ротквица не треба да се лупи. Доволно е добро да се измие и да се исече на тркалца.

Идеална е како ужина во секоја диета. Покрај корените се користат и листовите кои се богати со витамин Ц, бета-каротен, калциум и железо.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини